На заминување од Белата куќа Трамп си ги собрал писмата од Обама, Ким Јонг-ун и други подароци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот американски претседател Доналд Трамп кога заминал од Белата куќа со себе ги зел писмата на Барак Обама и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

На крајот на својот мандат, секој американски претседател мора да ги достави сите електронски пораки, писма и други работни документи до Националниот архив, кој мора да ги чува. Но, Трамп кога ја напуштил Белата куќа зел неколку кутии, во кои имало подароци од странски лидери, писмо од Барак Обама и неколку писма од Ким.

Во јануари, Националниот архив организираше враќање на 15 кутии со претседателски документи од имотот на Трамп на Флорида во Вашингтон. Сепак, некои документи остануваат неоткриени. Минатата недела Националниот архив објави дека Трамп имал навика да ги кине работните документи, спротивно на законот од 1978 година.