Home Шоубизнис На задоволство на фановите: Металика на 10 мај започнува нова турнеа – прва по 2009

На задоволство на фановите: Металика на 10 мај започнува нова турнеа – прва по 2009

Американската хеви метал група Металика објави дека на 10 мај ги почнува своите тримесечни концертни настапи во САД и Канада, што ќе биде прва турнеја на бендот по 2009 година.

Турнејата, во чии рамки Металика ќе има 25 настапи, ќе почне со концерт во американскиот град Балтимор на 10 мај, а ќе завршува во канадскиот град Едмонтнон на 16 август.

На турнејата ќе биде промовиран десеттиот студиски албум на Металика, Hardvired… to Self-Destruct, кој од излегувањето во ноември досега е продаден во два милини примероци. Тој е прв студиски албум на бендот од 2008 година, што е најдолга пауза меѓу двата студиски албуми во историјата на Металика.

За секој купен билет на турнејата, обожвателите ќе добијат и примерок од новиот албум.

Металика на турнејата најчесто ќе ја придружуваат американскиот бенд Авенџед Севенфолд и данскиот Волбит, а во август ќе им се придружи и француската група Гожира.

Тапанарот на Металика, Ларс Улрих уште лани во август за магазинот Roling Stone ја најави можноста за турнеја, велејќи дека е време „прописно да се размрда Америка“.

„Ќе биде забавно во овие луди и конфузни времиња на поделби да се види како сите се собираат, како ги оставаат на страна различностите и уживаат во музиката. Ние сме многу возбудени поради враќањето“, рече Улрих.

Металика во неделата вечерта настапи на доделувањето на наградите Греми, каде Лејди Гага ја пееше песната Moth into flame од нивниот нов албум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …