На улиците во Неапол пред мечот од ЛШ имаше вистинска војна која ја предизвикаа навивачите на Ајнтрахт (снимки)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред вчерашниот дуел помеѓу Наполи и Ајнтрахт од Франкфурт во рамки на Лигата на шампионите, кој Наполи го доби со 3:0, во италијанскиот град се случува „војна“ на улиците, навивачите на германскиот клуб поддржани од фанови на Аталанта се судрија со полицијата и Наполитанците.

Улични борби се случуваат во Неапол. Фудбалскиот клуб Наполи не дозволи присуство на навивачи на Ајнтрахт на мечот, но тие сепак дојдоа во градот, беа придружени и од ултрас фанови на Аталанта.

Според италијанските медиуми, имаше повеќе од 400 приврзаници на германскиот клуб, засилени со навивачите на Аталанта кои прваеа нереди низ градот. Се судриле со навивачи на Наполи, но водеа борби и со полицијата која имаше полни раце работа.