На хартија, Георгина му е робинка на Роналдо во Саудиска Арабија – лажен документ или?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На интернет протече документ за престој во Саудиска Арабија на име од Георгина Родригез, во која таа е пишана како „робинка“ на Кристијано Роналдо.

Парот доби специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот. Заедничкиот живот на двајца невенчани лица инаку е забранет со државните закони на Саудиска Арабија, кои се тесно поврзани со исламската вера.

Во документот, кој се претпоставува дека е виза на девојката на Роналдо, а го преведоа корисниците на Твитер, Џорџина е означена како „сопственост на фудбалерот“. Жените во Саудиска Арабија немаат независност или автономија, а славниот пар не е официјално во брак.

CNN Arabic испрати прашање за документот до властите во Саудиска Арабија, но не доби коментар. Тие напишаа и дека документот најверојатно е лажен, но без официјална потврда не е можно да се потврдат или демантираат овие гласини.

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде живеат според новите правила. Џорџина неодамна го прекрши кодексот на облекување на вечера со својот вереник, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што и се заканува парична казна.

Во Саудиска Арабија според шеријатските правила жените се обврзани да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување наложува „скромност и пристојност“, па затоа не смее да се носи тесна или проѕирна облека. Во јавноста, Џорџина треба да носи абаја, традиционална долга туника со темна боја.