Home Вебкафе На бездомник му дадоа постојана работа, па на безбедносните камери видоа што направи

На бездомник му дадоа постојана работа, па на безбедносните камери видоа што направи

Арон Дојл, вработен во компанија која се занимава со изработка на врати и прозори објави снимка од безбедносните камери која на многумина им ги насолзи очите. На неа е снимен еден бездомник кој пресно е трајно примен на работа, откако го завршил пробниот рок во фирмата.

„Моментално живее во прифатилиште за бездомници во Вулверхемптон и буквално нема поседува ништо, но сака да си го врати својот живот“, напиша Арон.

На снимката се гледа моментот кога ја напуштил канцеларијата од шефовите каде му било понудено работно место на неопределено време.

„За мнозинството тоа не е нешто посебно, но мене ме освои со овој потег. Најдобриот дел е дека доби плата за првата одработена недела и доби постојана работа. Неговата реакција е непроценлива“, додава Арон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…