Home Актуелно На 15. ноември планетата Земја ќе надмине 8 милијарди жители

На 15. ноември планетата Земја ќе надмине 8 милијарди жители

Според проценките на Обединетите нации, светов на 15-ти ноември оваа година ќе ја надмине бројката од 8 милијарди жители, а Индија следната година ќе ја престигне Кина како најнаселена нација на светот.

Во извештајот објавен по повод светскиот ден на населението, светската популација би можела да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година, во 2050-та на 9,7 милијарди, а врвот да го достигне во 2080-та година со 10,4 милијарди луѓе.

Извештајот покажува дека на тоа ниво се предвидува да остане до 2100-та година, а дека повеќе од половина од проектираното зголемување на населението во наредните декаци ќе биде концентрирано во само осум земји: Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…