МРТ и Македонија пат меѓу најзадолжените: Еве ја новата листа на должници кај УЈП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


4425 субјекти, фирми, граѓани, јавни претпријатија на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход. Ова го покажува најновата петта листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи.

Најмногу должи охридскиот текстилен гигант АД Отекс, во вредност од околу 11 милиони евра. Од државните претпријатија, најмногу должи Јавното претпријатие Македонија пат кое на државата и должи речиси седум милиони евра за ДДВ и данок на добивка, Македонската Радио Телевизија должи околи 1,4 милиони евра за данок на добивка.

Ваква листа на должници УЈП  објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10ти, на која се објавуваат имињата на должниците.