Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со заедничка литургија на МПЦ и СПЦ утре во манастирот Свети Прохор Пчински ќе се одблежува Илинден.
По решавањето на спорот помеѓу двете цркви, ќе сослужуваат митрополитот струмички Наум, кумановско-осоговскиoт митрополит Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ и епископот врањски Пахомије од СПЦ. Присутен ќе биде и српскиот министер за надворешни, Никола Селаковиќ. Во манастирот, празникот ќе го чествува и македонското малцинство од Србија.
Познавачите велат дека ова е чин за поздравување.
„Празнувањето на најзначајниот ден во поновата македонска историја почнува да се враќа, таму каде што и припаѓа. На местото каде што заседанието и се случило. Манастирот е вистинско место и во него треба да се чествува АСНОМ. Оттаму ова не треба да заврши на ова. Потребно е многу повеќе за да македонското чествување на АСНОМ во овој манастир биде достоинствено“ – Бранко Ѓорѓевски, црковен аналитичар.
Ѓорѓевски вели дека потребно е догодина да има поголема организација за Илинден во „Прохор Пчински“.
„Да се постигне одреден договор, да се постави спомен обележје на АСНОМ. Сепак таму обележје треба и мора да има. Српската црква треба да ја разбере таа македонска потреба бидејќи со оглед на тоа каков важен историски настан се случил таму за македонската страна и треба да се најде соодветно решение таму да има некакво обележје“.
За првпат по 18 години во „Прохор Пчински“ ќе оди и државно-црковна делегација предводена од претседателот Пендаровски. Дел од делегацијата, освен претставници од МПЦ, присутни ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратениците Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Сител дознава дека поради здравствени причини, архиепископот г.г Стефан, нема да биде присутен на церемониите.