Home Шоубизнис Може да ѝ биде син, а му роди три деца – со овој маж сопругата го изневери Бранислав Лечиќ и му го разори бракот

Може да ѝ биде син, а му роди три деца – со овој маж сопругата го изневери Бранислав Лечиќ и му го разори бракот

Првата сопруга на Бранислав Лечиќ го изневерила со овој помлад маж

Првата сопруга на Бранислав Лечиќ, Иванa Вујадиновиќ, е атрактивна жена која му подари две деца – ќерката Ана и синот Иван. Сепак, нивниот брак заврши во 2007 година, кога љубовта згасна.

Иако Лечиќ и Иванa не зборуваа јавно за причините за разводот, тогаш во медиумите се шпекулираше дека убавата Иванa го изневерила актерот со 15 години помлад стјуард. Со својот помлад избраник, таа доби три деца, додека Лечиќ подоцна започна романса со Нина Радуловиќ.

Во вториот брак, Иванa доби уште три ќерки, а нејзиното најмладо, петто дете, го роди во петтата деценија од животот.

Бранислав Лечиќ за неверството на својата сопруга

За неверството на својата прва сопруга, Лечиќ своевремено изјави:

„Доволно сум маж да го издржам сето тоа! Не се плашам за мојата машкост. Уверен сум во себе како ментално, духовно и сексуално битие, иако жената која ја сакав, кралицата на мојот живот, која ми подари тринаесет години среќа и две прекрасни деца, ме изневери. Ова е многу подлабоко од обично предавство. Таа го изневери нашиот заеднички проект кој се вика семејство.“

Актерот откри дека првиот развод му бил многу тежок.

„Првиот развод беше катастрофа, барем во мојата глава, затоа што се сруши илузијата за бракот. Сакав да бидам различен од моите родители, да не се разведам, но тоа сепак се случи. Емоциите со тек на време исчезнуваат, но илузијата трае подолго. Повеќе од една година по разводот, бев многу деструктивен.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…