МОН ја презентираше националната он-лајн платформа за училиштата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Надлежните денес ја промовираа унифицираната национална платформа за он-лајн учење, која ќе ја користат основните и средните училишта.

На презентацијата беше прикажана и симулирана училница, со единаесет ученици и наставничката, кои накратко покажаа како ќе изгледа учењето. Ќе има квизови со прашања и ќе се учи интерактивно. Властите тврдат дека платформата е лесна за користење и практична. Ја има на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

Националната платформа за онлајн учење ја креираа Министерството за образование и наука заедно со Факултетот за информатичко инженерство и компјутерски технологии. Во тек се обуките на наставниот кадар – токму оние што се директно вклучени во наставниот процес да знаат како да ракуваат со алатката. Кризата со Ковид не натера да најдеме решение, вели министерката Царовска, која на платформата гледа и како алатка за иднината на образовниот систем. Според проценките на МОН, во моментов околу 40 илјади деца во земјава немаат пристап до електронски уред за следење на ваквиот начин на настава.

Сепак и премиерот и министерката за образование на владината говорница беа сложни, дека онлајн наставата во целина е динамичен процес којшто зависи од епидемиолошката состојба. Какви одлуки ќе се носат околу процесот на онлајн учење во идните месеци зависи од бројките на новозаразени со вирусот, кои и понатаму остануваат високи – троцифрени на дневно ниво.