Home Шоубизнис Момент на невнимание откри каков однос има Драгана со семејството на Тони по разводот

Момент на невнимание откри каков однос има Драгана со семејството на Тони по разводот

Ќерката на Драгана Мирковиќ откри нови детали за пејачката

Ќерката на Драгана Мирковиќ уште на самиот почеток им стави до знаење на родителите дека не сака да избира страна.

Вистина е дека далеку повеќе фотографии и видеа објавува со мајка ѝ, но тоа никако не значи дека го запоставува татко ѝ, особено не неговото семејство, со кое е блиска уште од раѓање.

Најдобар доказ за тоа е објавата на Мануела на Инстаграм, каде што ја означи тетка ѝ Силвија Бјелиќ, со која присуствуваше на еден од концертите на нејзината мајка.

Исто така, оваа објава е и одговор на прашањето како денес, две години по разводот, Драгана се однесува кон семејството на Тони.

На многумина им падна во очи информацијата дека богатиот бизнисмен не сака да ѝ даде развод на пејачката и дека на сите начини се обидува да ја понижи.

Сепак, очигледно е дека тоа нема никаква врска со тоа како неговото семејство ја гледа поранешната снаа.

Според сè, комуникацијата останала на исто ниво, љубовта и почитта се присутни.

Ако беше поинаку, сестрата на милионерот, и покрај желбата да ги заштити својата внука и внук, немаше јавно да ѝ даде поддршка на снаата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…