Home Шоубизнис Мојот втор татко денес води голема битка: Никола Роквиќ ги растажи сите

Мојот втор татко денес води голема битка: Никола Роквиќ ги растажи сите

Мојот втор татко денес води голема битка: Никола Роквиќ ги растажи сите

Веста дека легендарниот фолк-пејач Халид Бешлиќ е хоспитализиран на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево поради проблеми со црниот дроб и бубрезите, ги загрижи бројните обожаватели низ целиот регион.

Халид веќе неколку дена е под лекарски надзор, а поддршка секојдневно добива од пријатели и колеги од естрадата.

Меѓу нив е и Никола Роквиќ, кој преку емотивна објава на својот Инстаграм профил сподели снимка од концертот на Халид Бешлиќ во Зетра од 2008 година, кога славниот пејач го покани на сцена и му даде шанса која му ја променила кариерата.

„Халид Бешлиќ! Голем пејач, но уште поголем човек! Голем пријател на мојот татко и нашето семејство! Се сеќавам на доаѓањето во Сараево и радоста што ќе присуствувам на неговиот концерт во големата Зетра! Тоа беше 2008 година! Утредента имав свој прв настап во дискотеката Аква! Кога ме виде покрај бината, без некакво планирање ме покани на сцена и ме замоли да отпеам една песна! Му реков, може ’Мој дилбере’.

Од тој момент мојата кариера тргна во нагорна линија… Тогаш Халид ми рече: ’Сега кога Сараево те прифати вака, ќе бидеш ѕвезда’. Му должам многу на Халид, во шега го викам втор татко!”

„Втор татко кој заедно со првиот татко, наместо да се јавуваат еден на друг со прашања ’како си, што правиш’, разговорот го започнуваа со некоја убава севдалинка… Пријателство кое го негуваа со љубов, почит и разбирање! Од такво другарување – сè беше песна!

Нашиот Халид денес води голема битка! Верувам во неговата сила, позитивност и јуначко срце кое секогаш даруваше љубов, дека ќе победи и дека уште долго ќе нè радува со неговиот глас и неговите песни! Те сакаме, тато!”, напиша емотивно Никола Роквиќ.

Неговите зборови ги допреа многумина и покажаа колку Халид Бешлиќ значел не само за неговиот татко Маринко Роквиќ, туку и за целото семејство.

Јавноста со нетрпение очекува вести од Сараево и се надева дека Халид, со силата и поддршката од најблиските, ќе ја победи и оваа животна борба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …