Home Живот и здравје Митови и вистини за цврстиот и рамен стомак

Митови и вистини за цврстиот и рамен стомак

Ако сте и вие едни од оние кои копнеат по совршено одржан цврст и рамен стомак, тогаш сигурно ќе ве интересираат вистините и заблудите поврзани со овие мускули.

Како прво, апсолутно погрешно е размислувањето дека стомачните мускули треба да ги вежбате секој ден или секој тренинг кој ќе го правите, за да постигнете совршени „шест пакувања“. И на стомачните мускули, како и на останатата мускулатура од нашето тело, им е потребен квалитетн одмор, бидејќи само така можат правилно да се дефинираат, развиваат и изградат. Доволно е да ги вежбате три пати неделно што е врежано мислење во светот на фитнес тренинзите.

Освен тоа, никако не треба да им посветите цел тренинг само на стомачните мускули, бидејќи овој дел од телото е доста активен и кога правите вежби за останатите мускули, па практично стомачните се активни цело време.

Може ќе чуете дека најдобро време за правење вежби за стомачни мускули е на крајот од тренингот. Но, ако целта ви е да ги зацврстите истите и посебно да се фокусирате на овој дел од телесната мускулатура, крајот од тренингот значи помалку енергија и ладење, па затоа е најдобро е тие вежби да ги вметнете во било кој друг дел од тренингот. Сепак, кога и да ги правите, тоа секогаш е позитивна работа.

Стомачните мускули одлично можат да се зацврстат со тренинзи како јога и пилатес, иако е врежано мислењето дека ви треба нешто подинамичен тренинг. Овој метод на вежбање ги зацврстува стомачните, а ако го комбинирате со правилна исхрана и кардио вежби, можете да постигнете и одлично дефинирани плочки, во зависност од преференците.

Ако уште мислите дека не можете да ги зацврстите и дефинирате стомачните мускули без тегови, во грешка сте. Едноставно, немате изговор за тоа бидејќи подот ви е секогаш и секаде достапен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Што е „кофи-неп“ и како кафето пред спиење може да ви помогне подобро да се наспиете?

Што претставува coffee nap и како кафето пред спиење може да ви помогне подобро да се одмо…