Славни

Мистериозен фраер: Кој е типот во базенот со Ријана?

Мегапопуларната пејачка од Барбардос Ријана има војска верни фанови, кои следат се што таа прави.

Токму затоа не се чудни фотографиите каде Ријана е фатена како се бакнува со мистериозното момче кое предизвика вистинска хистерија на интернет, затоа што сите сакаат да знаат за кого се работи. Страсните сцени од базенот станаа популарни по социјалните мрежи, а веднаш ќе биде јасно зошто фановите дигнаа толку многу врева.

Се појави и хаштаг #RihannaHasAManParty, под кој фановите на Твитер се обидуваат да откријат какви било информации за новото момче на пејачката.

Една од обожавателките дури успеала да го препознае мистериозниот маж, но само по тоа што еднаш го видела на папарацо фотографиите со Наоми Кембл.

Advertisements
To Top