Министерството за финансии со обука за граѓаните што да прават при погрешна уплата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Годишно од 1000 до 1200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.

Во таа насока на својата фејсбук страница, Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.

Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.