Министерот за култура на Нов Јужен Велс го прекршил карантинот – веднаш си даде оставка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за култура во Владата на Нов Јужен Велс, Дон Харвин, денеска даде неотповиклива оставка, откако беше откриено дека тој живее во неговата куќичка покрај морето и покрај забраната за патување, освен во случај на вонредна состојба.

Харвин поднесе оставка откако новинарите го фотографирале како купува облека и живее во неговата куќа наместо да остане во неговиот градски стан, кршејќи го законот за карантин.

Премиерот Скот Морисон ги повика сите Австралијци да останат дома и да не патуваат во нивните викендички, за да престанат со ширењето на коронавирусот.

Полицијата го казни Харвин утрово за кршење на јавниот здравствен ред, но под политички притисок тој поднесе оставка подоцна утрово.

„Ништо не е поважно од работата на владата за борба против коронавирусот“, рече Харвин за националната телевизија АБЦ.

„Нема да дозволам моите постапки да бидат одвраќање од овој напор и жалам што моето решение за живеење стана проблем во ова време“, додаде тој.

На Австралијците им е забрането да ги напуштат своите домови за време на Велигден, освен ако немаат важни причини да го сторат тоа, како што се купување храна или вежбање. Полицијата наплатила илјадници долари парични казни за кршење на карантинот на првиот ден од Велигден.