Home Рецепти Милкшејк со вишни прелиен со чоколадо

Милкшејк со вишни прелиен со чоколадо

Каде пловат вашите мисли кога размислувате за романтичен десерт?

Можеби прво ви паѓаат на ум бомбониери, но ќе признаете дека тие одамна се застарени. Она што ви е навистина потребно е нешто освежувачко, кремасто и сочно со совршен прелив од чоколадо. Нешто како милкшејк со вишни, кој можете да го споделите со саканата личност. Дали споменавме дека е прелиен со чоколадо? Навистина е штета да чекате лето за да го пробате.

ПОДГОТОВКА:

За миксот со вишни:

2 шолји замрзнати или свежи вишни, без семки

¼ шолја шеќер

1 лажица свежо исцеден сок од лимон

2 лажици пченкарен скроб

1 лажичка екстракт од ванила

За милкшејкот:

10 лажици сладолед од ванила

¼ шолја млеко (или повеќе, доколку сакате да биде поредок)

8 лажици микс со вишни, плус за декорација

1 лажица чоколаден сируп, плус за декорација

1 лажица ситни парчиња чоколадо

шлаг крем

шарени шеќерни трошки за посипување

ПОДГОТОВКА:

Ставете ги вишните во мало тенџере, а над нив посипете шеќер, сок од лимон и ¼ шолја вода. Варете на средна температура со повремено мешање околу 15 минути, додека не добиете густ сируп. Во меѓувреме, во мала посуда измешајте го пченкарниот скроб со 4 лажички топла вода. Кога ќе биде готов миксот со вишни, додадете ја смесата со скроб и продолжете со варење уште една минута, а потоа тргнете го од оган. Додадете екстракт од ванила и оставете да се излади. Внесете ја смесата во блендер и мешајте додека не добиете мазна текстура. Истурете ја во мала тегла и чувајте ја во фрижидер до една недела.

За подготовка на милкшејкот, во блендер ставете сладолед, млеко, микс со вишни, чоколаден сируп и парчиња чоколадо. Измешајте сè заедно околу 30 секунди. Со лажица земете од миксот со вишни и нанесете го по внатрешните ѕидови на висока чаша. Повторете ја постапката со чоколадниот сируп за да добиете убав слој. Истурете го милкшејкот врз ова, а потоа украсете со шлаг, парчиња чоколадо, шарени шеќерни трошки и уште малку од миксот со вишни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Пилешко со крем супа од печурки

Ако досега никогаш не сте пробале, вистинско е време пилешкото месо во сос да се најде и н…