„Милкано“ со 3,2 проценти масленост се повлекува од продажба во Македонија поради откриени канцерогени соединенија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија ја известија јавноста дека го повлекуваат од продажба производот трајно млеко од производителот „Милкано“ со 3,2 проценти масленост.

Во неговиот состав откриени се откриени канцерогени и високотоксични соединенија. Од АХВ соопштуваат дека станува збор за Афлотоксин М1 соединение кое може да предизвика жолтица и тешки оштетувања на црниот дроб.

Проблемот со ова соединение е што е отпорно и на процесот на пастеризација или домашна термичка обработка.

Од пазарот се повлекуваат сериите со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023, со – сериски број LOT FD04. Млекото е произведено во млекарата МИ99 во Градачац, Босна и Херцеговина.

Сите останати производи на млекарата (млеко со пониска или повисока маселност и други млечни производи) не се опфатени со повлекувањето бидејќи според АХВ се исправни.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, велат од агенцијата за храна.