
Милица Тодоровиќ ја раскина свршувачката
По најновите случувања во кои беше вклучена и полицијата, во јавноста пристигна веста дека Милица Тодоровиќ ја раскинала свршувачката со згодниот хрватски бизнисмен Марио Б.
Пејачката, која имала намера сето тоа да го игнорира бидејќи, како што тврди, нема никаква поврзаност со апсењето, сепак одлучи да се огласи и детално да им објасни на своите следбеници на Инстаграм.
Во краткото соопштение се дозна дека Милица Тодоровиќ ја раскинала свршувачката многу пред непријатниот настан, а со тоа и врската со споменатиот престапник, по кого до неодамна трагаше Интерпол.
Марио Б. бил уапсен, наводно во близина на зградата на Милица во Нов Белград, а еве што таа има да каже за тоа:
„Не сакав да се огласувам, но кога видов до каде сето тоа може да оди, одлучив на овој начин да ви се обратам“ – започна обраќањето Милица, па додаде:
„Сакам да кажам дека немам никаква врска со овие настани бидејќи веќе подолго време не сум во љубовна врска.“
„Жал ми е, но така е. Во животот има и убави и помалку убави моменти, што да правиме… Тоа е живот. Би била многу среќна доколку оваа приказна повеќе не се развлекува.“ – заклучи таа.