„Ми дојде сметка за струја 650 евра“ – граѓани излегоа на протест поради високите сметки од ЕВН


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера, во скопската населба Аеродром, пред пунктот на ЕВН група скопјани поради значително зголемените сметки за електрична енергија го изразија својот револт, пренесе ТВ21.

Како што тврделе некои од нив, дури и оние кои не се греат на струја, сметките им се многу поголеми од месечните примања.

– Излегов на протест денеска, бидејќи ми дојде сметка 39.000 денари. За декември ми дојде 34.500. Нека ми каже премиерот како јас да ја платам сметката за струја кога земам минималец 18.000 денари. Нека ми каже и ќе ја платам – изјавил еден од граѓаните кои беа собрани пред ЕВН.

– Сама живеам со 14.000 пензија, 7.000 струја што не е потрошена. Не се греам на струја, на плинска печка се греам, на плин готвам, едно кафе не варам на струја. Кафе, чај на плин готвам и сијалиците трчам ги гасам во темница седам, да не трошам струја зошто слушам на ТВ да се штеди, да се штеди, штедам максимално. И кога дојде сметката, ќе добиев срцев удар – рече една повозрасна жена која беше да се пожали за високата сметка.

– Во некои од прашањата на корисниците за сметките се утврди дека во најголемиот дел се работи за точно потрошени киловат-часови колку што е во сметката, а во некои случаи стануваше збор за проценета вредност поради непрочитано броило или порамнување од претходно непрочитан период. Корисниците во приемните канцеларии чекаат во зависност од барањето кое го поднесуваат – велат од ЕВН.