Метју Меконахи: Време да го прифатиме Доналд Трамп како претседател


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда и оскаровец, Метју Меконахи, смета дека граѓаните на САД „треба да го прифатат претседателот Доналд Трамп“.

Својот став го искажа во интервјуто за ВВС по повод промоцијата на својот нов филм Gold. Новинарот Ендрју Мар констатираше дека многу холивудски актери не го сакаат Трамп, запрашувајќи го Меконахи дали е време на Трамп да му се даде шанса?

„Па, сега веќе немаат избор бидејќи тој е наш претседател. Мислам дека е време да го прифатиме, да се помириме со тој факт за да бидеме конструктивни во наредните четири години. Без оглед колку луѓето не се сложуваат со него, тој ќе биде наш претседател најмалку четири години“, изјави Меконахи.

Изјавата од актерот предизвика бран од негодувања на социјалните мрежи, главно алудирајќи на неговата боја на кожата и богатството поради кое, како што тврдат критичарите, тој нема ни да ги почувствува контроверзните одлуки на Трамп.