Home Актуелно Меркел: Уште има време за преговори меѓу ЕУ и Британија

Меркел: Уште има време за преговори меѓу ЕУ и Британија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека сé уште има време за преговори меѓу ЕУ и Велика Британија во врска со брегзит.

Меркел рече дека жали за одлуката на Британскиот парламент да го отфрли договорот што премиерката Меј го постигна со лидерите на ЕУ, пренесува „Макфакс“.

„Се разбира, ќе направиме се за да најдеме соодветно решение, но подготвени сме и дури ако не дојде до такво решение“, изјави германската канцеларка за новинарите во Берлин.

Според неа, „се уште има време да се преговара, но ЕУ сега ги чека предлозите на британската премиерка“.

Меј синоќа побара од пратениците во парламентот да гласаат за доверба на владата, откако Долниот дом со мнозинство гласови го отфли договорот за брегзит. Меј по гласањето рече дека владата мора да знае дали и понатаму ја има поддршката на мнозинството во парламентот и побара пратениците од Долнот дом за тоа да се изјаснат уште денеска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…