Home Шоубизнис Ме фати мака кога го прочитав: Кумот откри голема невистина што кружи за Саша Поповиќ

Ме фати мака кога го прочитав: Кумот откри голема невистина што кружи за Саша Поповиќ

Саша Поповиќ почина по тешка болест, а неговото заминување ги погоди сите што му беа блиски. Од медиумскиот маг се простуваат многумина на социјалните мрежи – колеги, соработници, пријатели…

Сепак, малкумина навистина знаат што се случувало, бидејќи семејството Поповиќ се трудело сè да остане во тајност.

Кумот на Саша Поповиќ е еден од ретките што повремено разговарал со него, а како што вели, не му годат невистините што ги чита.

– Тој во последните денови беше навистина, навистина лошо. Кога случајно видов дека некој раскажува како се слушнале со него ден-два пред да почине, тоа се тешки глупости. Сале немаше сила тие денови ниту да зборува, ниту да пишува.

Ме фаќа мака кога го гледам тоа, баш ним ќе им пишува додека умира. Јас му праќав пораки, последен пат ми одговори за слава. Го повикав по телефон, а тој ми рече: “Ќирко, причекај само малку, ќе ти се јавам подоцна.” И потоа ми се јави, беше толку силен, не знам од каде му дојде таа сила. Го прашав како е, а тој рече: “Имам болки, многу ме болат нозете, болките се силни, но во суштина, добро сум. Ќирко” – раскажа кумот на Саша Поповиќ.

Инаку, денеска во Белград со приватен авион пристигнаа Сузана со ќерката и синот.

Погребот и комеморацијата за Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток, 6 март. „Гранд“ продукција го објави точниот термин на погребот. Според официјалното соопштение, семејството ќе прима сочувство во 12:00 часот, опелото е закажано за 13:45, додека погребот ќе биде во 14:30 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …