Home Шоубизнис Мајко мила, што бараш ти тогаш тука? Срѓан Ѓоковиќ и’ возврати на Јована во живо

Мајко мила, што бараш ти тогаш тука? Срѓан Ѓоковиќ и’ возврати на Јована во живо

Срѓан Ѓоковиќ има јасен став за современото родителство

Срѓан Ѓоковиќ отворено зборува за своите гледишта околу современото родителство и не крие дека има разлики во размислувањето со својот син и снаа. Заеднички јазик не пронајде ниту со водителката на утринската програма, па во живо ѝ одговори на Јована Јоксимовиќ на директен начин.

Тема на дискусијата беше воспитувањето и насочувањето на децата, а Срѓан отворено зборуваше за својата улога во градењето на кариерата на Новак:

– Кај него секогаш биле најважни редот, работата и дисциплината… – изјави Срѓан, нагласувајќи дека Новак само еднаш во животот доцнел на тренинг, и тоа бидејќи се заиграл со пријателите.

– И неговиот син Стефан е одличен, но е многу тешко. Го прашав дали сака да го носам на тенис, тој рече да, а јас му кажав дека ќе дојдам во 6:30. Тогаш ме погледна и рече: ‘Молам?’ Тешко е да се повтори Новак и во светот, и во Србија, а камоли во семејството. Ние сме тука како родители за да им помогнеме на нашите деца. И затоа не се согласувам со новата генерација што вели дека детето само треба да одлучи што ќе прави во животот.

Јована тогаш го запраша: „Па зар тоа не е најважното?“, а тој ѝ одговори со насмевка: „А, мајке ти?“ и го објасни својот став:

– А што си ти тука како мајка или татко? Твоја должност е да покажеш вистинскиот пат. Ако згрешиш, покажуваш друг, па трет пат – насочуваш. Не да го пуштиш детето на шест, седум или десет години само да одлучи што ќе работи. Јас го насочив Новак.

Во тој момент, Јована му посочи дека сам си противречи, на што Срѓан дополнително појасни:

– Како не? Јас тоа не го препознав кај него веднаш. Сакав да биде скијач, целото мое семејство беше во тоа. Но, кога на Копаоник се изградија тениските терени, сè се смени. Новак не размислуваше да биде тенисер, но јас му купив рекети откако видов дека им носи на мајсторите пијалак и храна, си играше пред локалот… така што јас го насочив. Не директно да мора, туку му покажав дека тоа е убав спорт со кој може да се занимава. Тој тоа не го прифати само како опција, туку со огромна страст – за него тоа беше најубавата игра, и сè уште е.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Торбата е убава, но патиките на Милица Павловиќ се моден императив за сезоната – совршени и за преку ден и за навечер

Патиките на Милица Павловиќ се полн погодок Фото: Иван Вучиќевиќ Популарната пејачка Милиц…