Маж со лак и стрела уби и рани повеќе лица во норвешкиот град Конгсберг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистински хорор преживувале граѓаните од норвешкиот град Конгсберг кога во центарот на градот маж вооружен со лак и стрела синоќа уби неколку лица, но засега не се знае точниот број на жртвите, а има и повредени.

Според извештаите на медиумите, мажот го започнал својот напад од еден супермаркет кој се наоѓал во западниот дел на градот. По пријавата за нападите на терен се излезени десетина возила од итната помош, полицијата, како и хеликоптери. Бројот на жртвите и мотивот за нападот засега се непознати. Повредените лица се пренесени во локалната болница.

Во Конгсберг, град кој се наоѓа југозападно од главниот град Осло, се советуваат граѓаните да останат дома додека трае увидот. Полицијата, засега, не се сомнева дека напаѓачот имал соучесници.