Home Вебкафе Маска од Дарт Вејдер со вртоглава цена од 1,4 милиони долари

Маска од Дарт Вејдер со вртоглава цена од 1,4 милиони долари

Токиската златарница „Гинза Танака“ по повод 40-годишнината од излегувањето на првиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ направи маска на Дарт Вејдер од 24 каратно злато и ја понуди на продажба за 154 милиони јени (1,4 милиони долари).

Маската е широка 26,5 и висока 30 сантиметри.

Златарница „Гинза Танака“ наведува дека маската не може да се носи бидејќи тежи 15 килограми и нема отвор за главата.

Истата златарница во 2013 година направи божиќно дрво со ликовите на Волт Дизни, кое чинеше 500 милиони јени (4,5 милиони долари).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Зои Кравиц и Хари Стајлс ќе се венчаат: сите зборуваат за тајната свршувачка на гламурозниот пар

Холивуд и музичката сцена имаат нов омилен пар, и се чини дека љубовната приказна на Зои К…