Машката прегратка влева доза најголема сигурност кај ЖЕНАТА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И жените и мажите поддеднакво се желни за љубов, а она што ги зближува, секако е прегратката, која на човечката психа делува магично, а особено на жените.

Кога мажот ќе и пријде на жената и ќе ја прегрне, тој го затвора кругот. Тоа е круг на нежност, топлина и заштита. И тој ја става жената точно во средиштето на тој страствен круг. На тој начин во тој момент, мажот и дава до знаење на жената дека таа е центарот на неговиот свет.

Во таквата прегратка жената како да добива крила. Круго на љубовта е мирен и удобен, па жените во него се чувствуваат безбедно. На тој начин таа чувствува дека припаѓа некому, а тоа чувство за секоја жена има непроценлива вредност.

Во прегратката исчезнуваат сите разлики помеѓу мажот и жената, за нив стои само искрена љубов, а тоа е чувство кое нема цена и предизвикува длабока среќа во секој од нас.