Home Шоубизнис Маркл или Мидлтон – која е „поскапа“

Маркл или Мидлтон – која е „поскапа“

Со оглед на фактот дека кралската британска венчавка е на прагот (19 мај), медиумите и јавноста изминатиов период беа исполнети со разни муабети, шпекулации, претпоставки и информации за модниот избор кој идната принцеза Меган Маркл ќе го направи за венчавката со принцот Хари.

Се споменуваа имињата на врвни модни креатори како Александар Меквин и Вера Ванг. Но, сега е веќе извесно дека Меган ќе го каже судбоносното и кралско „да“ облечена во креација од лондонскиот бренд „Ralph & Ruso“. Тоа го потврдија неколку извори блиски до кралското семејство.

Фустанот во кој таткото на Меган ќе ја испрати својата ќерка до олтарот за венчавка јавноста прв пат ќе го види токму на венчалната церемонија, а истиот чини 100.000 фунти (околу 113.000 евра). Дизајнот е комплетно рачна изработка и токму поради тоа е толку скап.

Кејт Мидлтон, на веначавката со принцот Вилијам, носеше венчаница дизајнирана од Александар Меквин која чинеше 434.000 долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…