Маринка во Доњецк веќе не постои! (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе е сосема небитно и неважно од хуманистички аспект кој ја има контролата над гратчето Маринка, лоцирано во источниот регион Доњецк, во Украина.

Маринка е едно гратче во близина на Доњецк кое пред војната која ја започна Русија против Украина броеше некои 9.000 жители.

Сега, една година по интензивни воени дејствија, украинското Министерство за надворешни работи објави фотографии од Маринка известувајќи дека гратчето е срамнет со земја.

Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е уништен.

„Маринка е целосно евакуирана, во градот нема никој освен војници. Нема начин цивилното население да живее таму“, изјави Шус за АП.