Македонски аеродроми вработуваат – плати од 32.000 до 39.000 денари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи, a во врска со Одлуката за вработување на работници по пат најавен оглас бр. 0423/3 од 02. 02. 2018 година, АД “Аеродроми на Македонија” Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
I. За потреба од засновање работен однос на неопределено време во АД “Аеродроми на Македонија” Скопје, за извршување на работи за следните работни места:

1. 1 (еден) извршител на работно место Шеф на кабинет, Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ВСС, 2 години работно искуство, познавање англиски јазик, работа со компјутери.
Паричниот износ на сновната нето плата за работното место е 39. 297денари.

2. 1 (еден) извршител на работно место Самостоен референт за маркетинг, Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ВСС, 2 години работно искуство.
Паричниот износ на сновната нето плата за работното место е 39. 297денари,

3. 1 (еден) извршител на работно место Самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба, Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ВСС, 2 години работно искуство. Паричниот износ на сновната нето плата за работното место е 39. 297денари.

4. 1 (еден) извршител на работно место Возач, Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ССС, 1 година рабогно искуство, возачка дозвола Б категорија.
Паричниот износ на сновната нето плата за работното место е 32. 204 денари.

5. 1 (еден) извршител на работно место Курир, Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ССС, возачка дозвола Б категорија, без работно искуство.
Паричниот износ на сновната нето плата за работното место е 32. 204 денари.

II. Извршувањето на работните задачи е со полно работно време – 40 часа неделно, 8 часа дневно – административно флексибилно работно време.
III. Кандидатите со пријавата треба да достават кратка биографија, уверение за државјанство (копија), доказ за завшено образование (оригинал или копија заверена на нотар), доказ за работно искуство (листа од ПИОМ), контакт телефон.
IV. Рокот за пријавување е 5 (пет) работни дена од денот на огласувањето.
V. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на роког на пријавување.
VI. Пријавата со потребните документи да се достави во архива или по пошта на следната адреса:
АД “Аеродроми на Македонија” Скопје, ул “Вељко Влаховиќ” бр. 11 Скопје, П. Фах 413.
Активен до: 12.02.2018