Home Шоубизнис Македонската еротска комедија „Мејкинг оф“ наградена во соседна Бугарија

Македонската еротска комедија „Мејкинг оф“ наградена во соседна Бугарија

Македонската еротска комедија „Мејкинг оф“ се закити со специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ во соседна Бугарија.

Наградата „Златна роза“ режисерот Кузма Кузмановски за македонскиот филм „Мејкинг оф“ ја освои на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ што се одржа во Софија.

Филмот беше прикажан на 8 септември, во рамките на фестивалот, којшто траеше од 7 до 10 овој месец.

„Мејкинг оф“ е интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм. Сместен е во жанрот еротска комедија, а во него играат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон.

Премиерата на „Мејкинг Оф“ се одржа минатата недела во кино салата Синеплекс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …