Home Живот и здравје Македонија во преговори со Фајзер за набавка на лекот „Паксловид“ против Ковид-19

Македонија во преговори со Фајзер за набавка на лекот „Паксловид“ против Ковид-19

Министерството за здравство на Македонија веќе е во фаза на преговори со производителот Фајзер за набавка на лекот „Паксловид“, информира вечерва министерот за здравство, Беким Сали.

Според него, тоа е долг процес.

-Прво се преговори, па набавка, па достава. Сè додека ние чекаме апчиња да дојдат, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и не ја знаеме причината зошто не вакцина, а да за апче. Не гледам некоја разлика, вели Сали.

Министерот додаде дека сè уште не се знае кога лекот би пристигнал во земјава.

-Имаме вакцина и не треба да чекаме, објаснува Сали.

САД, Канада и Израел се меѓу земјите кои веќе ја одобрија употребата на овој лек. Италија, Германија и Белгија пак се меѓу дел од земјите членки на ЕУ кои веќе го купија лекот. Антивирусните лекови делуваат така што ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира и на тој начин ја инхибираат болеста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …