Мајли го најави нејзиниот нов албум – Endless Summer Vacation излегува на 10 март


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поп пејачката Мајли Сајрус го најави излегувањето на нејзиниот нов, осми музички албум – Endless Summer Vacation кој ќе биде објавен на 10 март.

Официјалниот трејлер за осмиот албум на 30-годишната популарна поп пејачка денеска беше објавен на YouTube, а таа го сподели на социјалните мрежи. Таа објави и фотографија на која виси на метална шипка со црвен кармин и очила во црн костим за капење и штикли.

Првата песна на новиот албум ќе биде синглот Flowers, чиј тизер пејачката веќе го објави на социјалните мрежи, а го откри и датумот на објавување. „Нова година, нова Мајли, нов сингл. Flowers, 13 јануари“, напиша таа.

Во тизерот од песната се слуша текстот „I can love me better than you can“. Многу нејзини обожаватели заклучија дека Мајли имала причина што го избрала 13 јануари да објави нова песна. Имено, на тој датум е роден нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт. Не е јасно дали Мајли го направила тоа намерно, но многумина ѝ честитаа за одличниот тајминг на објавување на песната.