Home Актуелно Мадуро повика на предвремени парламентарни избори

Мадуро повика на предвремени парламентарни избори

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро повика на предвремени избори за ново Национално собрание кое во моментов е под контрола на опозицијата, чиј лидер е Хуан Гуаидо.

Според шефот на државата, неговиот предлог има за цел решавање на политичката криза во земјата.

– Денеска и предлагам на опозицијата – да се соочиме на избори. Да спроведеме предвремени избори за Националното собрание, за да видиме кого поддржува народот, повика Мадуро на протест.

Тој истакна дека тие избори ќе доведат до „демократско, мирно и уставно решавање“ на тешката политичка ситуација во Венецуела.

Следните избори за законодавното собрание треба да се одржат на крајот од 2020 година. Мадуро засега не посочи конкретен датум за ново гласање.

Извор: Сител

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…