„Луѓе што ви е? Не ви е срам?“ – полицаец до оние кои со смартфони снимале спасување на човечки живот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гервин Увеханд e холандски полицаец кој на одличен начин го опиша лудилото кое го тресе човештвото и бескрупулозноста на луѓето кога во раце ги имаат своите смартфони, кои очигледно ги сè повеќе ги оддалечуваат од елементарните вредности на хуманоста.

Додека Гервин и неговиот колега во еден ресторан во Хаг се обидувале да му го спасат животот на маж на кој му се слошило, пред ресторанот се собрала толпа луѓе кои со своите смартфони ја снимале драмата што се одвива во локалот, пишува Би Би Си.

„Ова не е вистина. Мажот ми се бори за живот, а тие само снимаат“, згрозено забележа сопругата на несреќниот маж. Полицаецот потоа на Фејсбук изрази згрозеност од таа ситуација.

„Беше среда вечер кога добивме повик за интервенција. Побрзавме, а во ресторанот жена се обидуваше да го оживее сопругот кој лежеше на подот. Ги извадив другите луѓе од ресторанот, а потоа стигнаа и останатите мои колеги со преносен дефибрилатор и го презедоа оживувањето. Ја побарав со поглед сопругата на несреќниот човек. Седеше на стол, ужасно потресена.

„Нема да умре, зарем не?“ , не праша, а додека се обидувавме да ја смириме, погледнавме низ прозорец и здогледавме 20-30 луѓе како се туркаа за со телефоните да го снимат она што се случува. Тогаш ги изгубив нервите, истрчав и повикав: „Луѓе што ви е, зарем не ви е срам? Тргнете се!“.

„Во тие моменти се опоравувал мажот на кој му се слошило и полека му се враќала свеста. Сопругата потоа со него отишла во болница. Кога се вративме во полициската станица сите се обидовме да сфатиме што им стана на луѓето пред ресторанот. Како полицаец нема зборови за ова што се случи. Жал ми е само што не можевме да се соочиме со нив“, заклучи полицаецот.

Полициската станица го објави неговиот статус на својот службен профил, а покрај исповедта стави и фотографија на која се гледа како масата се турка пред ресторанот.