Луда работа: Вака се кради ајкула од аквариум (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Локалната полиција од Сан Антонио соопшти дека двајца мажи признале за извршениот грабеж во кој, верувале или не, украле мала ајкула од еден аквариум во споменатиот тексашки град, така што ја завиткале во ќебе и ја изнел во количка за бебиња.

„Мис Хелен, 40 сантиметри долга ајкула вратена е во аквариумот во Сан Антонио два дена по киднапирањето, кое го снимила безбедносната камера“, пренесува АП.

Шефот на локалната полиција Џозеф Салваџо кажал дека ајкулата била пронајдена во домот на еден од крадците, во неговата гаража полна со резервоари за риби.

Салваџо појаснил дека властите се во контакт со Националната администрација за океански и атмосферски набљудувања, за да востановат дали против „киднаперите“ може да се покрене федерално обвинение.