Љубомората е кучка – повторно ја остави Мараја Кери без дечко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пејачката Мараја Кери ја прекина кратката врска со својот резервен танчер Брајан Танака. Извори блиски на пејачката тврдат дека на Мараја ѝ здосадила љубомората на Брајан, но и неговата користољубивост.

На Брајан наводно не му се допаѓал нејзиниот близок однос со бившиот сопруг Ник Кенон. Танчерот збеснал бидејќи Мараја и Кенон минатиот месец заедно го носеле нивните близнаци на доделување на Kid’s Choice Awards. TMZ пренесува дека Танака тоа го сметал за непочитување.

Кога станува збор за пари, на пејачката наводно ѝ здосадило да ги плаќа сметките од нејзиниот дечко за скапа Gucci и Balmain облека.

Мараја минатиот месец, во друштво на Брајан, го прослави својот роденден со патување на Кабо, но парот оттогаш не минува многу време заедно. People пишува дека Мараја сака да се посвети на музиката и на децата.

Бившиот љубовен пар почна да работи заедно во 2006 година, а гласините за нивната врска се појавија минатата есен. Врската ја почнаа кога Мараја ја раскина свршувачката со бизнисменот Џејмс Пакер.