
Бракот на Љуба Јовановиќ со Наташа Беквалац не траеше долго
Вториот брак на Љуба Јовановиќ изгледа дека има многу подобри изгледи од оној што го склучи со поп ѕвездата Наташа Беквалац.
Имено, спортистот и пејачката си ветија вечна љубов во тајност и со скромна церемонија во нејзиниот тогашен стан.
Како што се венчаа, така и брзо по првата годишнина на бракот се разведоа.
Љуба наскоро ја најде среќата во прегратките на друга дама, потоа уште една, и така талкаше сè додека не ја запозна сегашната сопруга.
Поминаа точно четири години од свадбата со одредена Милица, а не е тајна дека тоа се случило токму на денешен ден.
Двојна причина за славење
Во таа чест, покрај Денот на вљубените, Љуба и неговата сопруга денес слават и годишнина од бракот – четвртата по ред.
Дека нивниот брак цвета и дека четвртата година ништо суштински не променила сведочат фотографиите што ги објавил на својот Инстаграм профил.
Поранешниот сопруг на Наташа сподели слика од свадбата и кусо напиша: „4 ❤️“
Познатиот ракометар со Милица има ќерка Ирина, која му е дополнителен извор на среќа.