Лицето осомничено за кражбата во НЛБ Тутунска банка уапсено во Кисела Вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полицијата привела едно лице во врска со кражбата од трезорот на НЛБ Тутунска банка.

Според полициски информации синоќа околу 19 часот во полициската станица во Кисела Вода бил приведен вработениот Б.С. (40).

Вработениот во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје наводно украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.

Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката.