Левица со порака до МВР: Правно не постои легитимирање со лисици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За завчерашниот инцидент кај ГТЦ кога полицијата спречи демонстанти да истакнат транспарент со „Против војната за профити“, Левица вели дека е неумесен министерскиот обид за замајување на јавноста дека тоа било обично легитимирање.

„Во правната пракса не постои таков изум на легитимирање со употреба на лисици. Во случајот се прекршени најмалку три правни акти. Прво е прекршен Уставот, кој во членот 21 изричито предвидува дека правото на мирен протест е неприкосновено и може да се ограничи само во услови на воена и вонредна состојба. Вчера во Македонија немаше ниту воена, ниту вонредна состојба, така што не постои жива сила која може да го ограничи правото на протест.

Второ, прекршен е Законот за јавни собири и, трето, прекршен е Правилникот за вршење на полициски работи, односно Правилникот за вршење служба на МВР“, рече Димитар Апасиев од Левица на неделната пресконференција.

Според Апасиев, униформираната полиција и припадници на специјалните сили во маскирни униформи направиле класифицирано дело. Односно две кривични дела, од кое едно е попречување на мирен протест за кое, вели тој, доколку го направи службено лице е предвидена казна затвор од три месеци до три години.

„Второто кривично дело е противправно лишување од слобода, бидејќи не е направен никаков записник, бидејќи полицијата мислела дека не постојат снимки. За ова дело, доколку го стори полицаец, е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор“, рече Апасиев.

Според сведочењето на членовите на Левица, полицијата 15 минути ги држела со лисици, што им ги извадила подоцна за да ги дадат личните карти. Ги ослободиле со предупредување дека транпарентот повикува на омраза.