Летен петок


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој јунски петок времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 18 до 32 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени. Маврово 18, Охрод 25, Битола 28, Крива Паланка 26, Берово 24, Кавадарци 31, Дојран 32.

Утре ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, ветер претежно од северозападен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.