Лебото, брашното и маслото од денеска во продавниците ќе се продаваат по набавна цена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лебот, маслото и брашното во продавниците и маркетите на мало од денеска ќе се продаваат по набавната цена, поточно трговците нема да смеат да пресметуваат профитна маржа.

За останатите прехранбени производи се намалува и ограничената трговска маржа која од 10 проценти сега ќе биде на 4 проценти во трговијата на големо и од 5 проценти на 3 проценти во трговијата на мало. Според министерот за економија, Крешник Бектеши, новата одлука за маржите ќе направи притисок цените на основните преханбени производи да немаат толкаво зголемување.

„Целосно укинување на маржите за овие три производи не важи за трговците на големо, зошто сите трговци на мало во нашата држава се снабдуваат од страна на производителите. Нема да имаат загуби од овие производи, само нема да имаат профит од овие производи и станува збор само за три продукти“, рече Бектеши.

Ограничената маржа ќе биде тргната од овошјето и зеленчукот, бидејќи анализите покажале дека цените на овие производи ќе се намалуваат, вели Бектеши. Земјава од денеска забрани извоз на масло за јадење кон сите земји за да има доволно количество за нашите потреби. Само за осум дена кон соседството и ЕУ беа извезени 330 тони масло за јадење. Доколку има потреба земјава ќе забрани извоз и на брашно, пченка и пченица бидејќи расте побарувачката на овие производи особено од соседна Грција.