Home Вебкафе „Лајк“ на Фејсбук го чинеше 3.700 евра

„Лајк“ на Фејсбук го чинеше 3.700 евра

Швајцарец е осуден за клевета затоа што на Фејсбук „лајкувал“ критика на претседателот на едно здружение.

Тоа е првпат во Швајцарија некој да биде осуден поради „лајкување“, кое се практикува кога на Фејсбук ќе ни се допадне некоја слика, видео или текст.

По пресудата на Окружниот суд во Цирих, 45-годишниот државјанин на Швајцарија, кој не беше именуван беше осуден затоа што ставил „лајк“ на коментарите на Фејсбук, на кои Ервин Кеслер, претседател на Здружението на противници на сточарските фирми и кланици, без доказ е наречен „расист, фашист и антисемит“.

Дискусијата на активистите за одбрана на правата на животните, поради која е изречена пресуда е од 2015 година.

Во пресудата се наведува дека тој човек со тоа што кликнал на познатиот знак „лајк“ ја проширил вредносниот суд и обвинението, кое не може да се докаже. Осудениот доби парична казна од четири илјади швајцарски франци (3.700 евра), а има право на жалба до Кантоналниот суд во Цирих.

Кеслер во 1998 година токму Кантоналниот суд во Цирих го осуди на затворска казна затоа што еврејскиот ритуал на убивање животни го спореди со нацистичката пракса.

Сепак, судот смета дека човекот кој сега е осуден поради „лајкување“ на критиките на Кеслер, не успеал да го докаже „расизмот, антисемитизмот или фашизмот“ на Кеслер.

Кеслер тужел повеќе луѓе, кои го критикувале на Фејсбук во 2015 година, изјави адвокатот на еден од тужените. Некои веќе се осудени поради изјава, додека денешната пресуда е првата изречена некому поради „лајкување“ на други коментари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…