Home Шоубизнис Куртули од затвор: Кевин Спејси нема да оди зад решетки за силување малолетник

Куртули од затвор: Кевин Спејси нема да оди зад решетки за силување малолетник

Холивудската актерска ѕвезда Кевин Спејси, поради застареност на случајот, се спаси од затворска казна и нема да одговара за силување малолетно лице.

Оскаровецот Спејси беше обвинет од еден маж кој тврди дека во 1992 кога бил малолетен , бил силуван од него. Сепак обвинителството во Лос Анџелес одлучи дека случајот е застарен и нема да поведе кривична постапка.

Против Спејси имаше шест тужби од кои пет за сексуално злоставување , а една за напад. Меѓу оние кои јавно го обвинија Спејси за сексуален напад беше и неговиот колега Ентони Реп , кој бил злоставуван од Спејси во 1986 година , кога Ентони бил дете. Кевин тогаш на твитер напиша дека не се сеќава на средбата зашто бил под дејство на алкохол.

Спејси ги призна и своите хомосексуални склоности со што ја шокира јавноста. ,,Како што ме знаат најблиските , во животот сум бил во врска и со жени и со мажи. Ги сакав мажите и бев во романтична врска со нив така што сега сум геј.” , напиша холивудската ѕвезда.

Како резултат на обвинувањата за силување деца, продуцентите му ги откажаа ангажманите на Спејси во најавените филмови , а неговиот последен филм “Billionaire Boys Club” доживеа фијаско со заработени само 618 долари од влезници во 11 кино сали.

Братот на Кевин , Ренди Фаулер уште пред десет години изјави дека неговиот татко Томас Џофри Фаулер редовно го тепал и го силувал кога бил дете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тоња Хардинг на 55 години повторно ќе настапи на мраз

Тоња Хардинг се подготвува за ревијата „Тоња и пријателите“, закажана за 12 декември во Ва…