Home Мода и убавина Купи сега или жали подоцна: најмодерните парчиња за купување во мај

Купи сега или жали подоцна: најмодерните парчиња за купување во мај

Мај е оној совршен моден меѓупростор кога гардеробата конечно почнува да дише со полни гради.

Тешките капути исчезнуваат од фокусот, слоевите стануваат полесни, а аутфитите добиваат онаа лежерна енергија која изгледа како да настанала без многу труд иако секој детал е внимателно избран. Токму затоа ова е моментот кога настануваат најпаметните модни купувања на сезоната. Оние кои може да се носат од утринското кафе до вечерниот коктел на тераса, од градот до првиот викенд на море.

Мај 2026 носи микс на опуштен луксуз, романтични силуети и парчиња кои изгледаат скапо дури и кога се максимално минималистички. Лесните јакни сè уште имаат важна улога поради променливото време, особено пребацени преку лелеави фустани или match сетови во неутрални тонови. Максимално женствени макси фустани, мини здолништа инспирирани од 90-тите, тенки кардигани и романтични топови со нежни принтови доминираат street style сцената и Instagram feed-овите на модните инсајдерки.

Кога е обувките во прашање, фокусот е на модели кои спојуваат удобност и софистициран изглед. Минималистички сандали со тенки каиши, балетанки во пудерасти и пастелни нијанси, но и ретро модели на чевли кои изгледаат како да се пристигнати директно од гардероберот на една париска модна уредничка – апсолутни хитови на месецот.

Аксесоарите конечно добиваат летна енергија. Хеклани торби, oversized наочари и chic шапки веќе внесуваат атмосфера на “vacation mode” дури и сред гужва во градот. Костимите за капење веќе не се резервирани само за плажата, туку се комбинираат со oversized кошули, ленени панталони и златен накит за првите елегантни бегства од градот.

Палетата на бои овој мај изгледа како совршено стилизиран Pinterest moodboard: butter yellow, пастелно сина, нежна розова, lime green, лаванда и кремасти неутрални тонови носат свежина и луксузна леснотија на секој аутфит.

Едно е сигурно – овие се оние парчиња кои многу лесно стануваат “buy now or regret later” купувања. Оние кои за неколку недели ќе биде невозможно да се најдат во омилените продавници, а кои веќе сега ја дефинираат естетиката на лето 2026.

Завирите во галеријата на фотографии и погледнете го нашиот избор!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

3 течни руменила кои комбинираат боја и неверојатен сјај

Ако ги сакате течните руменила (кои имаат најлесен и најхидратантен состав, што не ја опто…