Кучињата ве чуваат од астма!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Децата кои во текот на првата година често биле во друштво на куче имаат 15% помал ризик да добијат астма од оние кои не растеле со овие миленичиња, тврдат шведските научници, кои спроведоа истражување на илјада деца, утврдувајќи ја предноста од дружењето со кучиња.

Се препоставува дека тоа е така затоа што децата со куче времето го поминуват надвор, на воздух и се физички поактивни, што позитивно се оздразува на здравјето, особено на белите дробови.

„Има и такви кои тврдат дека тоа не е хигиенски, но токму поради тоа што домаќинствата со куче се поизложени на микроби, децата се поотпорни и поретко имаат астма“, вели Тау Фол, професорка од Универзитетот во Упсала.

„Тоа се вика фармерски ефект бидејќи уште претходно е утврдено дека децата од фармите се многу помалку подложни на астма од оние кои немаат контакт со животни. Кучето влијае позитивно на децата на многу начини, дури и на храната и на воздухот што го вдишуваат“, додаде таа.