Кучиња скитници спасиле бебе фрлено во одвод!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кучиња скитници спасиле бебе кое било фрлено во одвод во индиската држава Харјана.

Шокантен случај е забележан во Харјана во Индија каде што жена си го замотала новороденчето во најлон кеса и го фрлила во одвод, меѓутоа бебето е сепак спасено.

На снимките од сигурносните камери се појавува жена која го фрла роденото девојче во одвод. Тоа го виделе кучиња скитници и бебето го извлекле од одводот, а потоа привлечиле внимание кај минувачите кои повикале полиција.

Бебето е однесено во болница каде што му е укажана лекарска помош!