Крис Џенер, неспорната кралица на семејната империја Кардашијан, повторно покажа дека знае како да ги сврти сите погледи кон себе.
Оваа недела направи чекор понатаму – се прости од нејзината препознатлива кафеава боја на коса и се појави со платинесто руса фризура.
На Инстаграм, во средата на 8 октомври, објави видео кое веднаш предизвика бура од коментари. Со помош на нејзиниот омилен стилист Крис Аплетон, Крис ги замени нејзините познати кафеави локни со сјајна платинеста коса, во еден од нејзините најсмели трансформации досега.
Видеото има наслов „Blondie“, а во него Крис позира сосема природна, без шминка, со бел пешкир на главата, подготвувајќи се за големото откритие. Во позадина се слуша виралниот хит на Сабрина Карпенетер „When Did You Get Hot?“, а Крис, со нејзиниот препознатлив хумор, усно ги следи стиховите: „Wait, I need a minute“, додека Аплетон со доза на драма додава: „Ok? Here it comes!“
И се разбира, по таа мала сценска игра – таа се појавува во црн стајлинг од глава до петици со совршена платинеста коса, сјаејќи како никогаш досега. Очигледно, дури и на 69-годишна возраст, Крис ја знае тајната на младешки и свеж изглед – со вистинска доза на дрскост и стил.
Ако мислевте дека веќе ја имате видено во сите можни изданија – Крис докажа дека секогаш повторно може да изненади и да воодушеви!