Home Мода и убавина Кремасто руменило во стик – сè што ви треба за брз есенски шминкаж

Кремасто руменило во стик – сè што ви треба за брз есенски шминкаж

Кремастото руменило во стик е сè што ви треба за брз есенски шминка изглед

Без разлика на сезоната, временските услови или изгледот кој сакате да го постигнете, руменилото секогаш е составен дел од секоја колекција на шминка.

Еден потег со четка или неколку тапкања со прстите по образите и јагодичките се доволни за да ѝ дадат природна, здрава боја на нашата кожа. Денес вниманието го посветуваме на најпрактичната варијанта – кремастите руменила.

Ги обожаваме кремастите руменила бидејќи лесно се нанесуваат на кожата, при што практично се „стопуваат“ со неа. Поголемиот дел се водоотпорни, отпорни на пот и влага, и високо пигментирани, нудејќи интензивна и свежа боја која трае цел ден.

Сепак, кремастото руменило во форма на стик има уште неколку предности. Пред сè, неверојатно е практично за носење и употреба – совршено се вклопува во секоја чанта, а воедно овозможува контролирање на интензитетот на бојата, со што можете да го обликувате изгледот што го посакувате – од природен до поизразен. Исто така е доста хидратантно, а лесно се нанесува и на јагодичките и на усните.

Во галеријата на фотографии ви ги претставуваме 5-те најдобри кремасти руменила во стик кои можете да ги најдете на пазарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Нови мириси што ќе направат вистински спектакл оваа зима

Како што деновите стануваат постудени, слоевите облека подебели, а атмосферата сè покоузна…