„Кралски орел“: Принцот Филип денес го слави 99. роденден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета денеска го слави својот 99. роденден. По тој повод е објавен портрет на кој принцот Филип позира со сопругата британската кралица Елизабета Втора.

Војводата од Единбург и кралицата на фотографијата позираат во градината на дворецот Виндзор, каде Елизабета Втора и Филип уште од март се изолирани поради пандемијата од коронавирусот.

Наместо голема прослава, принцот Филип својот 99. роденден ќе го прослави во друштво на сопругата кралицата Елизабета на интимна вечера во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми.

Инаку портретот кој денеска го објави Бакингемската палата е направен на 2 јуни.